Полицајците се тргнале настрана и испукале предупредувачки куршуми.

Објавил: admin@magazin | 17 мај, 2019 15:09

ПУКАЊЕ ВО ТЕТОВО: Со џип сакал да прегази полицајци, осомнчениот приведен во полиција!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Како што соопшти СВР Тетово, жител на тетовското село Доброште се обидел да прегази полициски службеници кои го затекнале на земјен пат во шумскиот предел кога се обиделе да го запрат за извршување контрола.

Жител на тетовското село Доброште вчера околу 19 часот се обидел да прегази полициски службеници, кои го затекнале на земјен пат во шумскиот предел, кога се обиделе да го запрат за извршување контрола.

Возачот продолжил со управување на возилото, ја зголемил брзината и избегал. Како што соопштија од полицијата од СВР Тетово, возилото во доцните часови било пронајдено натоварено со дрва и моторна пила.

-Вчера околу 19 часот, на земјен, шумски пат за тетовското село Доброште, патрола од Полициската станица за граничен надзор Рогачево забележала џип „УАЗ“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од 61-годишниот А.А. од Доброште.

На дадениот знак џипот не застанал и продолжил со движење, потоа свртел и се упатил кон полициските службеници, а кои веднаш се тргнале настрана за да не бидат удрени и при тоа испукале предупредувачки куршум во воздух, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Шеесет и едногодишниот човек во текот на ноќта е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова...