Реисот Сулејман Реџепи се пофали со „ролекс часовник„ поклон од познат бизнисмен од Охрид!

Објавил: admin@magazin | 20 мај, 2019 14:19

(ВИДЕО) Реџепи доби скапоцен часовник „РОЛЕКС“ од познат охридски бизнисмен!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Поглаварот на Исламската верска заедница на Македонија, реис Сулејман Реџепи, во едно интервју раскажа дека часовникот кој го носи на раката му е подарок од охридски бизнисмен пишува Плусинфо.

Во последно време реисот во своите јавни настапи и постапки како верски поглавар, провоцира и предизвикува поделби помеѓу народот.

Тој одржа говор во кој зборуваше за минатото на џамија, кога, според него, еден македонски премиер од тогашното време, со 60 килограми динамит ја урнал џамијата. Тој рече дека Македонскиот народ е див и дека нема идентитет и никогаш нема да го имаат. 

Овој народ, со кој што заедно живееме е див, беспримерно див. Затоа немаат идентитет и никогаш нема да го имаат…”, изјави реис Сулејман Реџепи, поглаварот на Исламската верска заедница на Македонија за време на церемонијата на поставувањето на камен темелникот на џамијата во скопското село Арнакија. Церемонијата се одржала на 14 март, а на својот фејсбук-профил Реџепи го постави видеото пред два дена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести