Работниците на Охис се без работа – поминаа 3 години од ветувањата на Заев за рестартирање на фабриката, напиша на Фејсбук претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави видео, во која во 2017-та лично премиерот Заев вети дека ќе се рестартира фабриката на ОХИС. Тој тврди дека додека Владата сее магла за успеси во економијата, народот живее во сиромаштија.
Работниците од компаниите загубари се чувствуваат измамени од премиерот Заев и Владата.
Работниците на Охис се без работа и покрај ветувањата на Заев за рестартирање на фабриката. Поминаа 3 години.
Во 2017-та лично премиерот Заев вети дека ќе се рестартира. Истото ветување го даде и следната 2018-та година, но залудно, бидејќи Охис тапка во место. Оваа година вицепремиерот Анѓушев, неподносливо арогантно и по принципот “сит на гладен не верува” им порача на работниците дека не бил султан за да дели пари, додека работниците на Охис си го бараа ветеното. Погледнете го ова видео, кое е надвор од провладината магла за убав живот, кој во реалноста е пекол и уништување.Додека Владата сее магла за успеси во економијата, народот живее во сиромаштија. Работниците од компаниите загубари се чуствуваат измамени од премиерот Заев и Владата.
Во продолжение погледнете го видеото:
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.