Обвинетите очекуваат ослободителна а СЈО конфискација во вредност од 17 милиони евра

Објавил: Мирко Бачиќ | 20 јули, 2018 9:24

Денес пресуда за “Труст”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателката на судскиот совет за предметот на СЈО – “Труст” – судијката Лидија Трајковска – Зимбовска денес ќе ја објави пресудата за обвинетите од овој случај.

Сеад Кочан – Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ пред Судот и на почетокот на процесот и во завршните зборови на нивните адвокати се изјаснија дека не се виновни за делото за кое се товарат.

Кочан изјави дека негова единствена цел била да биде конкурентен на пазарот и да обезбеди работа за вработените и нивните семејства посочувајќи дека тој не ги проверил документите за овој случај пред да ги потпише затоа што верувал во својот тим иако правно како менаџер имал таква обврска.

И Авировиќ и Ватиќ се изјаснија дека не се виновни за делото и побараа Судот да пресуди ослободително  по предметот на што со своја изјава се приклучи и Сабина Аломеровиќ како претставник на “Трансмет” ДОО Скопје која побара ослободителна пресуда за правното лице кое го застапува додека за“Силекс неметали СТ” говореше правниот застапник Јован Јоанидис кој ја оцени работата и текот на целокупниот процес за коректен со очекување да биде донесена ослободителна пресуда за сите.

Патем “Труст” е предмет на СЈО кој побара тројцата обвинети да бидат осудени а компаниите “Трансмет” ДОО и “Силекс неметали СТ” преку конфискација да вратат во Буџетот на Република Македонија 17 милиони евра колку што сметаат дека чини штетата која според обвинителниот акт обвинетите ја направиле со формирање конзорциум и со лажни документи добиле тендер за ископ на јаловина во РЕК Битола.

СЈО во процесот го повлече барањето за конфискација на имотот на третообвинетиот Васиќ и неговата фирма “Вато” ДОО Студеничани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.