Невремето ја зафати и соседна Србија каде обилните врнежи буквално направија поплави по улиците.
Дождот за кратко време вчера успеа да поплави и дел од зоолошката градина во Белград.
Според очевидците ова е до сега најголемата поплава која се случила во Србија, поточно во Белград изминативе неколку години.
Според Републичкиот хидрометеоролошки институт во Белград наврнале 60 литри дожд и тоа во рок од час и половина, а тоа нанесе штети на стотици автомобили, гаражи, подруми, угостителски и услужни објекти но не ја изостави и Белградската зоолошка градина.
Јожеф Езвеѓ, кој е вработен како ветеринар во Зоолошката градина во Белград, за српски Телеграф изјавил дека за среќа животните се добри по поплавата која ја зафати градината.
-Тие за време на непогодата се засолниле во своите куќички, навикнати се да се изборат со секакви непогоди. Сега се добро, имаат храна, иако тешко им паѓа топлото време, како и на луѓето – вели Езвеѓ за Телеграф.
Инаку пријателите на Бее Зоо градината објавија и видео снимка на која јасно може да се види како обилна вода тече низ скалите кон живеалиштата на голем број животни, пренесуваат белградските медиуми.
Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ по поплавата изјави дека биле поплавени 20 детски градинки а 6.000 домаќинства останале без електрична енергија, главно во Земун и во Нов Белград.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.