Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, освен на ГП Богородица каде времето на чекање е околу 30 минути, информира Автомотосојузот на Македонија.
Поради одрони на патниот правец Кочани – Македонска Каменица кај село Истибања, сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по суви коловози.
На ГП „Богородица“ се чека половина час.
Патот што води преку планината Галичица од Царина до Трпеица од изутрината во шест часот е затворен за сообраќај поради одржување на трки со мотори.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.