Ѓоковиќ после пет сета успеа да го совлада Роџер Федерер кој важеше за голем фаворит на натпреварот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 јули, 2019 11:56

„Си-ен-ен“: Ѓоковиќ никогаш нема да биде популарен како Федерер или Надал

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера по петти пат тенисерот Новак Ѓоковиќ ја освои победата на Вимблдон, и го крена трофејот наменет за победникот на Вимблдон. 

Двајцата тенисери како да ги чуваа силите на стартот, во очекување на долга борба за титулата, па започнаа резервирано.

Ѓоковиќ после пет сета успеа да го совлада Роџер Федерер кој важеше за голем фаворит на натпреварот.

Во извештајот од Си-Ен-Ен стои дека Федерер морал на крајот да му честита на подобриот од себе.

„Новак Ѓоковиќ главно помина незабележано во поголемиот дел од Вимблдон поради останатите работи. Меѓутоа, Србинот привлече внимание сега, откако го победи Федерер. Спаси две меч топки и го победи засекогаш популарниот Швајцарец во најдолгото финале во историјата на Вимблдон. И како ја прослави петтата вимблдонска титула? Како и обично, со јадење трева“, се наведува во извештајот.

Си-Ен-Ен истакнува дека Федерер пропуштил сјајна можност да го совлада Ѓоковиќ на овој меч.

„Ѓоковиќ пред завршницата спаси две меч топки, и тоа на сервисот на Федерер при водството од 8:7 во петтиот сет. Федерер би можело да се лути на себе не само поради тоа, туку и поради фактот дека и претходно можел да го докрајчи Новак. навистина можел да го победи Ѓоковиќ во три сета, бидејќи во првиот водеше 5:3, а имаше и сет топка во третиот, пред да дојде до тај-брејк. Во некои делови од финалето Ѓоковиќ и не личеше на себе, иако тоа треба да се препипше на офанзивниот настап на Федерер. И сега, Ноќе, како најдобар на светот дојде до само 4 такви трофеи помалку од Федерер, и тоа првпат во кариерата“.

Си-Ен-Ен истакнува дека и покрај сите резултати кои Новак ги има нема да биде популарен како неговиот најголем ривал.

„Можеби никогаш нема да биде популарен како Федерер или Надал. Ѓоковиќ го иритира тоа што не добива толку љубов од навивачите за време на мечот, а Федерер и Надал редовно добиваат кога е важно“, стои во извештајот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Тенис