Новинарот Бранко Героски напиша статус на социјалните мрежи во кој ги повикува жртвите на случаите на рекет и изнуда храбро да сведочат и да му помогнат на Обвинителството да го документира случајот.
Новинарот Героски се огласи веднаш по апсењето на Боки 13 и напиша фејсбук статус дека веќе со недели водел своевидна медиумска војна со ова рекетарско зло, поради што бил изложен на многубројни навреди и атаци.
ОДЛУЧЕН УДАР ПРОТИВ “БОМБАШКИОТ РЕКЕТ”
Акцијата на органите на прогонот е прв одлучен и жесток удар против „бомбашкиот рекет” во Македонија.
Иако се уште ги очекувам деталите од истрагата, се сомневам дека тоа е причината и за оставката на специјалната обвинителка Катица Јанева.
Како што е познато, јас веќе со недели водам своевидна медиумска војна со ова зло, поради што бев изложен на многубројни навреди и атаци. Сето тоа ќе се заборави.
Сега ги повикувам жртвите на случаите на рекет и изнуда храбро да сведочат и да му помогнат на Обвинителството да го документира случајот. Доста молчевте, господо бизнисмени, додека безобѕирно ве толчеа. Со или без путер на главите, време е да проговорите!
Апелирам и моите колеги новинари да го прекинат заветот на молчење. Отворете уста, колеги, време е!
Ајде, нека дојде сега до израз вистинското истражувачко новинарство. Првиот што ќе се охрабри, јас лично ќе го предложам за европската награда за истражувачко новинарство.
Да потсетиме, Бојан Јованоски уапсен беше уапсен денска поради сомневање за рекет, а полицијата го привела на граничниот премин. Исто така приведен е и бизнисменот Зоран Милески познат како Зоки Кичеец.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.