Како што информира МВР, рачната бомба што беше пронајдена пред кафе-бар во центарот на Прилеп на 10 јули околу пладне, била „кашикара“ и била активирана, но се изгаснала и не експлодирала.

Објавил: Весна Петровска | 16 јули, 2019 14:04

МВР откри шокантни детали за рачната бомба во Прилеп

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Министерството за внатрешни работи ги соопшти деталите за рачната бомба која беше фрлена пред познато кафуле во Прилеп. Прилепчани беа видно вознемирени од настанот кој за малку ќе прераснеше во голема трагедија.

Како што информира МВР, рачната бомба што беше пронајдена пред кафе-бар во центарот на Прилеп на 10 јули околу пладне, била „кашикара“ и била активирана, но се изгаснала и не експлодирала.

Досега Обвинителството, кое веднаш даде налог да се направи крим-техничкото вештачење и да се прегледаат снимки, доби информации за типот на рачната бомба-кашикара, за нејзиното полнење, која била активирана, но се изгаснала. Освен тоа, не се пронајдени ДНК – примероци од евентуалниот сторител, ниту папиларни траги, односно отпечатоци, освен оние од официјалните лица кога ја демотираа рачната бомба. Се прегледуваат снимките, но засега нема конкретни индиции за сторителот, информираат од прилепското Основно јавно обвинителство.

Рачната бомба крај летната бавча, под една столица, на кафе барот „Кафе ин“ во центарот на Прилеп на 10 јули околу пладне ја забележал персоналот на кафе-барот, а сопственикот веднаш пријавил во полиција. Три часа се обезбедуваше теренот додека Единицата за антитероризам при МВР не ја демонтираше рачната бомба

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.