Пливачкиот ас заработи кривична пријава

Објавил: Узунов Бобан | 18 јули, 2019 11:33

(фото) Кривична пријава за Александар Маленко за измама и злоупотреба

Фото/Текст извор: ©магазин

Претседателот на Националната пливачка федерација, Александар Филипчев поднесе кривична пријава за Маленко поради измама и злоупотреба.

Бранувањата во македонското пливање продолжуваат, а по најавата на најдобриот македонски пливач, Марко Блажевски дека размислува повеќе да не настапува за Македонија, конкретен чекор направи и претседателот на Националната пливачка федерација (НПФ), Александар Филипчев. 

Александар Маленко беше истакнат активист на Шарената револуција кој често пати го нагласуваше неговото познанство со премиерот Зоран Заев. 

Филипчев поднесе кривична пријава за измама и злоупотреба на Александар Маленко.

 

Претседателот на Националната пливачка федерација се одлучи на ваков чекор за да стави крај на манипулациите на Маленко.

На барање на пливачките клубови во Македонија беше свикано вонредно собрание на кое се смени името на федерацијата, Пливачката федерација на Македонија (ПФМ) се преиименува во Национална пливачка федерација на РСМ, а исто така поради незадоволство од работата беше сменет тогашниот претседател Александар Маленко и беше избран Филипчев за нов предводник.

Одлуките од тоа собрание се спроведоа во Централниот регистар на Македонија кој ги потврди промените. Исто така беше известена и светската пливачка федерација (ФИНА), но и покрај тоа Маленко се уште се претставува за претседател на ПФМ.

Филипчев и НПФ сметаат дека Маленко со таквите настапи го нарушува угледот на пливањето, на федерацијата и на самата држава и поради тоа се одлучија да му поднесат кривична пријава за измама и злоупотреба.

Извор: Слободен печат

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.