Децата кои не се вакцинирани, нема да се примаат во градинка дури и да заврши епидемијата на морбили.
При уписот, родителите мора да приложат уреден вакцинален картон. Доколку во него не е наведено дека детето примило МРП вакцина, нема да може да посетува градинка, без разлика дали веќе е запишано (пред епидемијата) или од почеток треба да се запишува.
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, вели дека како Влада ќе продолжат да го почитуваат законското решение пред се за здравјето на децата.
За да може да ги заштитиме сите деца, важно е тие да се вакцинирани, тоа е светска пракса и сметам дека тоа треба да продолжи. Ние како влада само ги почитуваме законите кои се многу години пред нас донесени изјави Царовска.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.