Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на собраниската седница за пратенички прашања рече дека не добил одговор од премиерот Зоран Заев за тоа кој е потписник на договорор за Љупчо Зафировски да биде назначен за посебен советник на премиерот.
– Легендрен стана посебниот советник на Заев, Љупчо Зафировски затоа што и покрај сите настојувања премиерот не сака да одговори кој го потпишал договорот, ниту пак е достапна неговата биографија. Заев рече дека Зафировски имал посебни контакти со францускиот претседател Емануел Макрон. Но еве да расчистиме кој е Зафировски. Чепкајќи по неговата биографија дознаваме дека тој во 1999 година основа фирма за прехранбени производи под име „Фортуна“. Потоа таква фирма основа и во Струмица. Зафировски нема никаква врска со Макрон туку со фирмите на Заеви на кои им помага да извезуваат прехранбени производи во Србија. Затоа ја крие неговата биографија – рече Милошоски и додаде дека не е задоволен од одговорот на премиерот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.