Убиство се случило во скопски Карпош, ќерката си ја убила сопствената мајка.
Според информациите на МВР, вчера во 08,10 часот во Полициската станица Карпош А.И.(46) од Скопје пријавила дека на ул. “Ристо Равановски“ во нивниот дом со давење ја убила нејзината мајка В.И.(74). Од страна на полициски службеници од СВР Скопје излезено било на местото на настанот и во домот било затекнато починатото лице, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.
По наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција, а А.И. е задржана во полициска станица.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.