Гајсер пишува дека во 11 часот на Радио Каподистрија ќе емитува факти директно во живо од студиото .

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 август, 2019 17:46

Утре ќе пукне нова „бомба“: Италијанскиот новинар најави нови факти за „Рекет“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ларис Гајсер, италијанскиот новинар, соработник на италијанскиот весник Ла Верита, на својот Фејсбук профил напиша дека утре за Македонија во живо преку радио ќе соопштува нови детали.

Италијанскиот новинар објави три видео и аудио снимки поврзани со случајот Рекет

Гајсер пишува дека во 11 часот на Радио Каподистрија ќе емитува факти директно во живо од студиото .

-Македонија: Утре 13 август, во 11 часот , на Радио Каподистрија! Внатре во фактите. Ќе се вклучам во живо од студио-пишува Гајсер.

За потсетување, Гајсер веќе објави три видео и аудио снимки поврзани со случајот Рекет, а во нив се споменуваат функционери и бизнисмени. Во едно од видеата е застапена и спесијалната обвинителка во заминување Катица Јанева, а во последното видео бизнисменот Орце Камчев со првоосомничениот во случајот го споменува и името на Бојан Јовановски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.