Бизмисменот Орце Камчев според податоците од Централниот регистар објавени на 13.08.2019 година се повлекол од директорската функција, и повеќе не е директор во неговата „Орка Холдинг“, пренесува Слободен Печат.
Како што објави порталот, на местото на Камчев, како директор и член на Извршен одбор на директори доаѓа Антонио Маринковски.
Камчев се повлекол од директорското место, од извршен член на Одбор на директори, а станува член на Неизвршен одбор заедно со неговата сестра Кристина Камчева Стојческа.
Од Неизвршниот одбор на директори се повлекуваат и мајката на Камчев, Ратка Куноска Камчева и Зорица Арсовска. Сите кои се повлекоа од функцијата се осомничени во случајот „Империја“ кој го води Специјалното јавно обвинителство.
Камчев се повлекува од раководните функции во компанијата во време на случајот „Рекет“ во кој се јавува како сведок и ги лице кое ги обезбеди доказите за случајот.
Во актуелниот случај Рекет, како што можевме да заклучиме од видео и аудио снимките, првоосомничениот Боки 13 кој моментално е во затворот во Шутка успеал да изнуди 1.5 милиони евра.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.