Првиот човек на „Алфите“ Примислав Димовски бил во комуникација со Боки 13 ?

Објавил: Узунов Бобан | 22 август, 2019 15:31

Првиот човек на „Алфите“ Примислав Димовски вмешан во „Рекет“?!

Фото/Текст извор: ©магазин

Во Министерството за внатрешни работи владее сомнеж дека командантот на специјалната единица „Алфа“, Примислав Димовски е вмешан во случајот „Рекет“ – дознава „Лидер“ од високи полициски извори.

Пред неколку години токму Примислав Димовски му беше лично обезбедување на Бојан Јовановски, познат како  „Боки 13“ а во исто време тој е и ангажиран како истражител во Специјалното Јавно Обвинителство, на која позиција беше и пред да стане прв човек на „Алфа“.

Ова отвора сомнеж дека во „Рекет“ бил вклучен и Димовски затоа што е поврзан со осомничената Катица Јанецва (како вработен во нејзиното обвинителство), но и со осомничениот Бојан Јовановски на кој порано му бил обезбедување а долги години јавно го искажуваат своето пријателство.

-Веднаш откако со Кичевец го земале рекетот од Камчев, Боки 13 му се јавил на Примислав да се консултира со сопругот на споменатата „Фрики“ дали некој го следи или го снима во рекетот. Очигледно е дека првиот човек на единицата „Алфа“ е вмешан во аферата рекет, но, кај нас се наслушнува дека обвинителката која го води случајот, Вилма Русковска, не сака да постапи иако го има во листинзите на телефонот на Боки 13. – брифира за „Лидер“, висок извор од МВР.

Доказ за поврзаноста на овој висок полициски функционер со рекетарите Јовановски и Јанева е и тоа што тој беше чест гостин во телевизијата на осомничениот.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести