Жоел Ле Скуарне (66), популарен француски абдоменален хирург од болницата „Жонзак“, силувал 250 девојчиња и момчиња од кои многумина имале само 4 години.
Тој во 2005-та година бил осуден поради поседување фотографии од сексуално злоставуваните деца, но тогаш бил само суспендиран на четири месеци.
Поради успешната кариера не му правеле притисок сe до 2017-та година кога неговите злодела веќе премногу почнале да излегуваат во јавноста.
Последното злодело за кое го обвиниле било силување на две девојчиња на возраст од 4 и 6 години, наведуваат од „Тајмс“.
Тој двете обвиненија ги одбил, а неговиот адвокат изјавил дека признал за “девијантното однесување“ со тие девојчиња.
Меѓутоа, француската полиција ја претресла неговата куќа и пронашла дневник во кој овој злосторник детално ги опишувал сексуалните задоволства со болните малолетници. Тоа што додава дополнително морничава димензија на овој случај е дека многу од жртвите ги силувал веднаш по извршените операции додека тие се уште биле под анестезија.
–Отворете го тој дневник и веднаш затворете го, толку е ненормално перверзен – изјавила Франческа Сата, адвокат на една од жртвите.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.