Обвинителката Стефанова која го воде предметот Империја не знае каде е Орце Камчев

Објавил: Узунов Бобан | 23 август, 2019 14:28

Ниту обвинителката Стефанова не знае каде е Орце Камчев

Фото/Текст извор: ©магазин

Истрагата за случајот „Империја“ застана по донесувањето на начелното правно мислење и затоа е потребно што побрзо донесување на Законот за јавно обвинителство, изјави јавната обвинителка Лиле Стефанова. „Нема друго решение. Само новите одредби кои ќе го вклопат СЈО и ќе му дадат право на редовното Јавно обвинителство да ги презема сите дејствија и во овие предмети“, истакна Стефанова.

Прашана дали се следи имотот на Камчев и дали има одмрзнувања, Стефанова, нагласи дека сѐ е замрзнато и ништо не  e одмрзнато.

„Имаме известувања за сите дејствија кои ги презема Јордан Камчев, како претходно управител и член на управен одбор и преземаме законски дејствија кои можеме да ги преземаме во овој момент“, изјави Стефанова.

Во однос на информациите дека Камчев е во соседна Бугарија, Стефанова кажа дека нема овластување да побара каде е Јордан Камчев и повторно побара побрзо носење на Закон за јавно обвинителство.

„Во овој момент редовното јавно обвинителство не може да преземе ништо во дејствијата од предметите на СЈО. Таков е законот“, изјави Стефанова.

Прашана дали со притворот на Катица Јанева постои можност да паднат сите предмети на СЈО, Стефанова, рече дека не постои таква можност. „Предметите ги работеа десет јавни обвинители и верувам дека се сите работени како што е потребно“, изјави обвинителката.

Нагласи дека немало спогодба за случајот „Империја“ бидејќи не се донела таква одлука, но имало намера да има спогодба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.