Утре околу пладне, во Собранието на Македонија, ќе продолжат преговорите за законот за обвинителство

Објавил: Данаил Михајловски | 29 август, 2019 15:44

ВМРО-ДПМНЕ предлага и професор да може да биде јавен обвинител, преговорите продолжуваат утре!

Фото/Текст извор: ©магазин

ВМРО-ДПМНЕ во членот 62 од предлог Законот за обвинителство предлага амандман во кој се вели “за јавен обвинител за борба против организиран криминал и корупција може да биде именувано лице кое е редовен или вонреден универзитетски професор кој предава повеќе од 10 години предмет од кривично-правна област“. Освен ова, ВМРО-ДПМНЕ бара методологијата за предлагање и избор на обинител на местото на Вилма Рускоска да не го заобиколи Собранието, туку врз основа на високи критериуми, предлогот да го даде најбројната опозициона партија, а да го утврди собраниското мнозинство, по што конечниот збор ќе го има Советот на јавните обвинители. Утре во Собранието ќе продолжат преговорите на правните тимови од опозицијата и власта околу Законот за обвинителството, а комисијата за Европски прашања ќе продолжи во понеделник.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски по седницата на Комисијата изјави дека ги усовиле оние амандмани за кои досега имале постигнато согласност, во рамки на преговорите со коалицијана на СДСМ и ДУИ, кои веќе поднесоа предлог-закон за обвинителство. Рече дека ВМРО-ДПМНЕ вкупно предложило 14 амандмани, од кои денеска се усвоени четири, иако, како што рече истите не се дел од суштинските теми каде сеуште постојат сериозни разлики со власта. 

“Во следните денови ќе работиме на усогласување на заеднички термин за понатамошни разговори, кои се опфатени со амандманите на опозицијата, додаде тој. Една од темите е како ќе се постапува со помошниците обвинители на Катица Јанева, за кои сметаме дека биле избрани со ограничен мандат, и согласно нивните решенија за мирување на работниот однос би требало истите да се испочитуваат. Третата тема е принципот на хиерархија и субординација, односно прдметите на СЈО во судска постапка да одат кај државниот јавен обвинител и потоа тој да ги распредели во Обвинителството за организиран криминал, рече Милошоски“.

Пратеничката на СДСМ, Снежана Ванчева рече дека со усвојувањето на десет амандмани се покажува оти процесот за усвојување на законот е откочен и се надева дека пратениците ќе продолжат конструктивно по останатите амандмани.

“Новиот закон за јавно обвинителство треба да биде не само во унапредување на борбата против корупцијата и организираниот криминал, туку и целосно хармонизиран со европското законодавство, и ќе ги следи препораките на Европската комисија. Со тоа ќе ставиме крај на сите оние досегашни шпекулации, надмудрувања, и крај на она што значи мешање на политиката во правосудниот систем, рече Калеска Ванчева. Коментирајќи го предлогот на Милошоски првиот човек на Обвинителството за организиран криминал да не мора да биде од редот на јавните обвинители, рече дека смета оти мешањето на политиката во изборот на првите луѓе на обвинителствата, би го нарушило принципот на независност, и оти треба да се направи се политиката да се меша во кадровските ршенија, независно дали станува збор за Јавно обвинителство за организиран криминал или од редовното обвинителство.“

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.