Во случајот Рекет, неопходно е Обвинителството да пристапи и низ општественото огледало кое претежно го креираат политичките напади и инсинуации, лажните вести и конструкциите, пишува на социјалните мрежи пратеникот Александар Кирацовски.
Очигледно, истрагата околу случајот „Рекет“ се одвива длабински, сеопфатно и транспарентно.
Овој процес ќе ја потврди вистината и ќе ја сузбие лагата и шпекулациите. Криминалците ќе бидат изведени пред лицето на правдата, одговарајќи за стореното.
Но, кон овој случај, неопходно е Обвинителството да пристапи и низ општественото огледало кое претежно го креираат политичките напади и инсинуации, лажните вести и конструкциите, пишува Кирацовски.
Не смее да остави дамка врз процесот оставајќи разно-разни шпекулации да кружат во јавноста, независно дали се политичка реторика или чаршиски муабети.
Пример, тоа може да го стори единствено ако го повика секој (политичар), кој има макар и една слика со било кој од обвинетите, да го провери контекстот и да ги расчисти дилемите во јавноста.
Можеби е илузорно и непотребно, но ќе го намали просторот за инсинуации и неосновани сомнежи.
Тоа доаѓа како „стружење на кариес од заб“, бегла црна точка која доколку не се санира навреме, прави штета по време.
Во секој случај, овој скандал е доказ дека правната држава функционира и е шанса преку истиот да се врати довербата во институциите и правосудниот систем.
(Фејсбук статус на Александар Кирацовски)
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.