Она што е воздухот за телото, тоа е слободата за човечката душа и „колку еден народ има поразвиено самосозание, толку повеќе тој ја цени слободата”.

Објавил: admin@magazin | 8 септември, 2019 10:13

Честитка од БИГОРСКИ МАНАСТИР по повод 8-ми септември Денот на независноста!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на Републиката до сите граѓани упати „Свети Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир.

-Братството на Свештената Бигорска Обител на сите граѓани на Република Македонија, радосно и срдечно, им го честита Денот на независноста. Вечен им спомен и слава на сите македонски родољупци и слободољупци. Бог нека ни ја сочува Татковината вечна и нека им вдахне родољубие на сите наши политичари, стои во честитката.

Во честитката се вели дека 8-ми септември 1991 година ја возгласи на целиот свет вистината дека Македонија е достојна за дарот на слободата и за самостоен државен живот.

Бигорски манастир Свети Јован Крстител (или Свештена Бигорска Обител) — манастир кој се наоѓа на патот помеѓу Гостивар и Дебар во непосредна близина на селата Ростуше, Битуше, Велебрдо и Требиште, по течението на реката Радика во западна Македонија.

Според Бигорскиот поменик, манастирот бил основан од страна на монахот Јован во 1020 година, а во XVI век манастирот бил разрушен од страна на отоманската власт и од целиот комплекс останал само како мала црква. Од помениците исто така се дознава дека манастирот бил повторно обновен во 1743 година, од страна на јеромонахот Иларион кој бил и првиот игумен на Бигорскиот манастир во поново време.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.