Во Градската општа болница „8 Септември” се финализира инсталацијата на нов линеарен акцелератор за малигни заболувања.
Станува збор за врвна технологија за третман на малигните заболувања. Апаратот е од еден од водечките светски производители и претставува најдобра платформа достапна на пазарот во оваа област.
Линеарниот акцелератор овозможува максимална прецизност во планирање и изведување третмани, имајќи предвид дека насочувањето на третманскиот зрак се врши со рубини, додека кај сите останати апарати се врши со огледала, објави на социјалните мрежи министерот за здравство, Венко Филипче.
Според министерството, апаратот е од еден од водечките светски производители и претставува најдобра платформа достапна на пазарот во оваа област.
–Пред инсталацијата на апаратот, изграден е комплетно нов бункер за што се обезбедени 58 милиони денари од буџетот на министерството – соопштуваат од Министерството за здравство.
Како што појаснуваат во соопштението, линеарниот акцелератор овозможува максимална прецизност во планирање и изведување третмани, имајќи предвид дека насочувањето на третманскиот зрак се врши со рубини, додека кај сите останати апарати се врши со огледала.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.