Според тоа што ни беше укажано од СОЗР тие процедурата ја спроведуваат на идентичен начин и правила кои според нивните кажувања важеле за сите поранешни претседатели.

Објавил: Весна Петровска | 18 септември, 2019 15:58

Антикорупциска: Бараме да се раскине договорот за закуп и за Бранко Црвенковски

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Од Државната комисија за спречување на корупција вечерва испратија соопштение во кое појаснуваат дека бараат укинување на привилегиите, однос закуп на канцеларии на државна сметка и за двајцата поранешни претседатели, односно Бранко Црвенковски и Ѓорѓе Иванов.

-Сакаме да ве известиме дека седницата на Државната комисија за спречување на корупција беше одлучувано по предмет отворен по сопствена иницијатива во врска со правата и привилегиите кои ги уживаат поранешни претседатели на државата. За потребите на јавноста сакаме да ве информираме и потенцираме дека денешните одлуки во врска со овој предмет се однесуваат на сите поранешни претседатели и барањето за раскинување на договорите за закуп се однесува на двајцата поранешни претседатели, велат од Антикорупциска.

Соопштение до јавноста од поранешниот Претседател Ѓорге Иванов:

На денешната прес конференција, Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата изнесе невистини и свесно се обиде да манипулира со јавноста, како и во неколку претходни наврати.

Договорот кој го склучи Службата за општи и заеднички работи со наша согласност, а е наменет за користење на простории за канцеларија на поранешен претседател, следи врз основа на Законот за правата на Претседателот на Република Македонија и неговото семејство по престанување на функцијата донесен од Собранието на Република Македонија.

Поранешниот претседател на Република Македонија Ѓорѓе Иванов

Според тоа што ни беше укажано од СОЗР тие процедурата ја спроведуваат на идентичен начин и правила кои според нивните кажувања важеле за сите поранешни претседатели.

Во прилог е договорот, во кој јасно се гледа дека висината на закупнината на целосно опремен простор изнесува 1.950 евра месечно, а не како што денес беше прикажано дека е 4.500 евра.

Очигледно е дека личниот анимозитет и политичките ставови на поранешниот Претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, се единствената причина за континуираниот обид за нанесување штета на угледот на поранешниот претседател Иванов.

Воедно, ја повикуваме Ивановска да се произнесе за имотната состојба на поранешниот Претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, и за таканаречените станови за кои што свесно претходно манипулираше со јавноста. Бидејќи манифестира „ефикасност и транспарентност“ доволно ѝ беа пет месеци за да ја утврди имотната состојба на поранешниот претседател Иванов и да ја изнесе вистината пред македонската јавност.

Ивановска треба да констатира дека поранешниот претседател Иванов има само еден стан, за кој што има подигнато кредит, а не повеќе станови, како што таа претходно манипулираше со јавноста. За таа цел, поранешниот претседател Иванов ѝ ги достави сите сметки и уплати за единствениот стан, а воедно, се откажа и од тајноста на банкарските сметки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.