„Граѓаните“ влегоа во историјата на натпреварувањето како први што успеале да постигнат пет гола во само 19 минути.

Објавил: Рејхан Бајрами | 21 септември, 2019 18:55

Манчестер Сити му даде пет гола на Вотфорд: За 18 минути ја испиша историјата во фудбалот(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Манчестер сити го победи Вотфорд со 8:0 на стадионот „Етихад“ во рамки на шестото коло во англиската Премиерлига.

Манчестер сити одигра феноменален натпревар на „Итихад“, па го декласираше фенерџијата Вотфорд со осум гола во нивната мрежа, пишува спорт 1.

„Граѓаните“ влегоа во историјата на натпреварувањето како први што успеале да постигнат пет гола во само 19 минути. Хет-трик прослави Бернардо Силва во 15. минута, во 48. минута и во 60. минута, по еднаш во листата на стрелци се впишаа и Давид Силва (1’), Серхио Агеро (7’ од пенал), Ријад Марез (12’), Никола Отаменди (18’) и Кевин де Брујне (85’).

Во продолжението Бернардо Силва постигна уште два гола за водство од 7:0 на Сити, а во 85. минута во листата на стрелците се запиша и Де Брујне.

Премиерлига, 6 коло:

Манчестер сити – Вотфорд 8:0
Евертон – Шефилд јунајтед 0:2
Барнли – Норич 2:0
Лестер – Тотенхем 2:1
Њукасл – Брајтон (сабота, 18.30 ч.)
Кристал Палас – Вулверхемптон (недела, 15 ч.)
Вест Хем – Манчестер јунајтед (недела, 15 ч.)
Арсенал – Астон Вила (недела, 17.30 ч.)
Челзи – Ливерпул (недела, 17.30 ч.)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Репрезентативците на Марково се вистинско изненадување на ова првенство. За потсетување, тие со својата пожртвувана игра претходно во осминафиналето успеаја да ја елиминираат репрезентацијата на Шпанија.


Фото: EPA-EFE/Ali Haider
Напаѓачот и најголема ѕвезда на Португалците, Кристијано Роналдо и овој меч го започна на клупата за резервни играчи. Во игра влезе во 51. Минута, кога селекторот на Португалија реши да го стави на местото на Рубен Невеш.

Португалија имаше доволно време да израмни, напаѓаше силно, но не успеа да ја затресе мрежата на одличниот голман на Мароканците, Боно.


Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski
Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот од вториот денешен четвртфинален натпревар на Светското првенство во Катар што ќе го играат репрезентациите на Франција и Англија.

Вчера во драматични натпревари, со пресврти за пласман во полуфиналето се изборија репрезентациите на Хрватска и Аргентина кои се првата полуфинална двојка.

Мароко испиша историја: Ја победи Португалија и оди во полуфинале на Светското првенство во Катар

Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот во вториот денешен четвртфинален...

Триумфот го донесе Александар Трајковски. Милевски емотивно заедно со останатите играчи го прослави големиот успех, а има и две причини за радост. Првата е секако победата над Италија, а втората е дека денес (25 март) му е роденден!

Благоја Милевски е роден во 1971 година во Скопје. Полни 51 година, баш заедно со победата над Италија. Селекторе, среќен нека е и само успеси со Македонија!

МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ СВЕТСКО ЧУДО: Ја победи Италија на нејзин терен и обезбеди финален бараж за Мундијал!

Македонија ги елиминира европскиот првак Италија среде Палермо и дојде само на еден...