Поранешниот француски претседател Жак Ширак беше погребан на приватна церемонија на гробиштата во Монпарнас покрај ќерката Лоранс, која починала пред три години.

Објавил: Весна Петровска | 1 октомври, 2019 22:20

Пендаровски наместо на погреб замина на концертот на Ерос Рамацоти – Владата не го испочитува големиот Жак Ширак

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Во четвртокот почина поранешниот претседател Жак Ширак, а вчера беше свечениот погреб на претседателот кој беше испратен во вечниот дом од највисоките и најмоќните светски лидери, сегашни и поранешни.

Големо потфрлање на македонската дипломатија, пишува Република.

Додека претседателот Стево Пендаровски се запознаваше со Ерос Рамазоти, а Зоран Заев се прегрнуваше со големиот пријател Алексис Ципрас, на погребот на еден од најмоќните државници на светската политика на 20 век, поранешниот француски претседател Жак Ширак, Македонија ја претставува некојси Едмонд Адеми. Министер без ресор задолжен за дијаспора, Охридско Езеро, погреби…

Стево Пендаровски се запозна со најголемиот италјански романтичар

Во чувствутелен период за државата, кога чекаме Франција да ни намигне и да даде зелено светло за почеток на преговорите со Европската унија, нашето лобирање се сведува на селфито на Адеми со поранешниот американски претседател Бил Клинтон.

Според протоколот владата на Македонија требаше да го испрати државниот врв на погребот на Жак Ширак, а не да испрати министер за без ресор кој е задолжен за дијаспората.

Нивото по протокол е:

1. Претседателот на државата
2. Претседателот на Собрание
3. Претседателот на владата
4. Министер за надворешни работи
5. Вицепремиер

Зошто Пендаровски одлучил да остане во Скопје и да не го искористи и овој настан за можеби најважното лобирање за Република Македонија?

Од неговиот Кабинет за Канал 5 велат дека одлуката кој да ја претставува државата била донесена по извршените консултации помеѓу претседателот, Собранието и Владата, но од кои причини изборот паднал на Адеми нема одговор.

Поранешниот француски претседател Жак Ширак беше погребан на приватна церемонија на гробиштата во Монпарнас покрај ќерката Лоранс, која починала пред три години.

Комеморацијата претходно беше одржана во црквата Сен Сулпис во Париз, со интонирање на националната химна.

Ковчегот на Ширак беше покриен со националното знаме.

На погребот присутни беа голем број политичари меѓу кои претседателот Емануел Макрон и поранешните француски претседатели Никола Саркози и Франсоа Оланд. Во Париз имаше и странски државници, меѓу кои и рускиот претседател Владимир Путин, експретседателот на САД, Бил Клинтон, поранешниот германски канцелар Герхард Шредер и јорданскиот крал Абдулах Втори.

Ширак беше претседател на Франција во два мандати, од 1995 до 2002 и од 2002 до 2007 година, а претходно беше премиер и градоначалник на Париз.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.