На работното место веднаш била повикана екипата на Итната медицинска помош, но и екипа на Противпожарната бригада.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 октомври, 2019 11:30

Машина за месо ѝ откина прсти на вработена во „Рамстор“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вработена во маркетот „Рамстор“ во трговскиот центар „Капитол“ во скопската населба Аеродром, вечера тешко ја повредила раката чистејќи ја машината за мелење месо, објави Плусинфо.

На работното место веднаш била повикана екипата на Итната медицинска помош, но и екипа на Противпожарната бригада.

Нашата лекарска екипа веднаш интервенираше, откако бевме повикани поради тоа што на вработена при чистење на машината за мелење месо и биле отсечени прстите на едната рака. Откако и беше укажана помош на лице место, таа е пренесена во Ургентниот центар при скопските клиники, каде најверојатно ќе и бидат ампутирани повредените прсти – изјавија во скопската служба за Итна медиинска помош.

Многу често се случува работник да се повреди на работно место па според законот има право на паричен надоместок.

Формите за заштита на работникот на работното место се пропишани во Законот за заштита при работа1. Проблемот на заштита при работа е огромен, бидејќи несреќите на работа се многу чести, а некои од нив имаат и фатален исход, односно завршуваат со смртен исход.

Работодавачот е должен веднаш по приемот на работникот на работа да му ги осигура потребните услови за заштита на работата, а со кои се осигуруваат заштитатана животот и здравјето на работникот. Всушност треба да му овозможи запознавање со прописите од заштита при работа, а воедно е должен да оспособи работникот за работа на начин кој што осигурува целосна заштита на неговото здравје, се со цел да се спречи несреќа на работа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

„Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо“, изјавил очевидец за хрватските медиуми.

УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА: Во Хрватска се преврте македонски камион

Македонски камион за пренос на автомобили се преврте на автопат во Хрватска, а возачот...

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предвреме ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон Кочани, градот што доцна попладнево го зафати пожарот што му се закануваше речиси цел ден.

Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја

Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските...