Од оние кои имаат сознанија за случајот, исказот на Верушевски во истрагата за „Пуч“ го оценуваат како обемен, содржаен кој открива како всушност е извршено снимањето и нелегалното прислушување.
Верушевски уште тогаш барал да се изврши вештачење за да се утврди точно каде нелегално се прислушувало и кој е одговорен за тоа.
Верушевски при распитот пред обвинител дури и посочил дека обвинителот треба да го изведе вештачењето на опремата во УБК, во петата управа.
Таа негова идеја не била прифатена, а еден месец подоцна – опремата за следење на комуникации која не е вештачена била уништена на два скопски отпади за што СЈО го отвори предметот „Тврдина“. Специјалните обвинители докази бараа потоа преку претрес во УБК и со експертска помош од Ериксон кои ги бараа доказите во мрежата кон Телеком.
Овие извори на КОД тврдат дека целта на тогашниот исказ на Верушевски и на актуелното сведочење е ист, да се изврши вештачење и експертски да се утврди каде е произведено незаконското прислушување и бомбите. Ваквиот исказ го откри КОД во оценката на обвинителниот акт даден пред судот.
Верушевски тогаш ќе каже:
Не постои шпиунажа која се фокусира на прислушкување во држава. Таква амбиција нема самата шпиунажа туку има цел да обезбеди содржини кои се од витален интерес за национална безбедност. Прислушкувањето е креација на петтата управа на УБК. Во истрагата не се обезбедени безбедносни протоколи кои се неопходни за да се утврди оправданост на противправно однесување и кои исклучуваат можност од нелегален пристап.
Но во исказот од понеделник за „Тврдина Таргет“, Верушевски вели поинаку.
Инаку КОД дојде и до запленети фотографии што Верушевски ги добивал додека бил во притвор за „Пуч“.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.