Министерот за здравство во изјава за Сител потврди дека децентрализацијата на Центарот која ја најавуваат уште од летото, ќе функционира на терен од наредниот месец. Дотогаш Филипче најавува и разговори со локалното население во овие општини, кои со протести ја дочекаа одлуката за дисперзирани центри.

Објавил: Весна Петровска | 9 октомври, 2019 17:36

ПОБЕДИЈА ЃРАЃАНИТЕ ОД КИСЕЛА ВОДА: Зависниците од Центарот ќе се дисперзираат

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Од први ноември 70 скопски зависници од метадон ќе земаат терапија во поликлиниката Јане Сандански. Исто толкав број ќе бидат дисперзирани во Ченто а стотина ќе завршат во посебен оддел во психијатриската болница во Бардовци. Помалку од половина од 530-те корисници и понатаму ќе останат во Центарот за зависности во Кисела Вода, пишува Сител.

Министерот за здравство во изјава за Сител потврди дека децентрализацијата на Центарот која ја најавуваат уште од летото, ќе функционира на терен од наредниот месец. Дотогаш Филипче најавува и разговори со локалното население во овие општини, кои со протести ја дочекаа одлуката за дисперзирани центри.

-Очекувам од први ноември да функционира на терен. Имаме план, распоред на зависниците, во финална фаза се работите до крајот на месецот ќе има и дефинитивен распоред на експертите, ќе има и разговори со локалното население, вели Венко Филипче, министер за здравство.

Жителите од Аеродром и Ченто неколкупати излегуваа на протести против ваквата одлука, плашејќи се дека сликата од Кисела вода со расфрлани шприцеви и игли ќе се префрли и во нивните општини. Филипче е убеден дека тоа нема да се случи бидејќи зависниците ќе го примаат метадонот пред очите на лекарот.

-Со дисперзијата овие проблеми ќе ги нема. Во Кисела Вода има над 500 зависдници, многу гужва и неможат лекарите сите да ги гледаат дали земале терапија изатоа доаѓа до злоупотреби. Овде, терапијата ќе ја зема пред лекарот или медицинската сестра, вели Филипче.

Здравствените власти велат дека во двете поликлиники има посебно опремени центри за зависниците а медицинскиот кадар ќе биде од Центарот од Кисела Вода и од психијатриската болница во Бардовци. Надлежните најавуваат дека во иднина ќе има вакви центри уште во три скопски општини.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.