За Заев Македонија за членство во ЕУ и НАТО Северна мора да е

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 јули, 2018 17:04

Собранието со 68 гласа “за” го распиша Референдум за промена на името!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Како што е наведено во Одлуката за распишување на Референдум таа се базира на член 73 став 1 од Уставот на Република Македонија – Собрание на Република Македонија донесена на денешната 57-ма седница чиј дневен ред беше прифатен со 65 пратенички гласа “за” без против или воздржани.

Со ова и официјално се распишува Референдум за консултирање на граѓаните на целата територија на Република Македонија кои ќе можат да се изјаснат на референдумското прашање кое гласи:

“Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?” на што граѓаните кои ќе излезат да гласаат имаат опција “за” и опција “против” во изјаснувањето.

Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев побара од ВМРО – ДПМНЕ да повикаат на излезеност за претстојниот Референдум иако не постигнале политички договор за ништо за него.

Референдумот ќе се одржи на 30-ти септември 2018 година ден Недела.

За распишување на Референдумот гласаа 68 пратеници – воздржани и против немаше. 

Предлогот до парламентот беше поднесен од 69 пратеници на СДСМ – ДУИ и БЕСА но и независни пратеници во законодавниот дом.

ВМРО – ДПМНЕ поднесе два амандмани од кои едниот се однесуваше за тоа Референдумот да има задолжителен – правно обврзувачки карактер за законодавниот дом додека вториот се донесуваше на измени во референдумското прашање од кое би се исфрлил делот “членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на” со што прашањето би гласело “Дали сте за прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција”.

И двата амандмани беа отфрлени со 65 т.е 64 пратенички гласови против.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.