Гостите меѓу другите ќе бидат Кристијано Роналдо, Пау Гасол, Енрике Иглесијас и тенисерот Фелисијано Лопез. На сите гости ќе им биде забрането да користат мобилни телефони, а обезбедувањето ќе спречи и употреба на дронови.

Објавил: Весна Петровска | 18 октомври, 2019 14:52

Рафаел Надал утре се ЖЕНИ!Фоторепортерите ја ополија Мајорка, местото каде ќе биде церемонијата на венчавката

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Свадбените звона ќе тропнат во домот на еден од најодбрите тенисери на денешицава.

Рафаел Надал ќе се ожени утре на Мајорка со својата дологодишна девојка Марија Франсиско Парело која шпанските медиуми ја нарекуваат Чиска.

Славниот тенисер на раскошната свадба ќе има 500 гости, пренесуваат шпанските медиуми.

За менито ќе биде задолжен познатиот шпански готвач Кики Дакоста, а Рафаел на својата свадба ќе ужива во посебен оброк, базиран на зеленчук, за разлика од останатите гости за кои е планирано традиционално јадење на база на месо и риба.

Гостите меѓу другите ќе бидат Кристијано Роналдо, Пау Гасол, Енрике Иглесијас и тенисерот Фелисијано Лопез. На сите гости ќе им биде забрането да користат мобилни телефони, а обезбедувањето ќе спречи и употреба на дронови.

Приватни авиони исто така нема да смеат да го надлетуваат местото, се со цел да биде спречено папараците да дојдат до ексклузивни фотографии од свадбата.

Невестата одбрала фустан од Барселона, додека венчавањето ќе го изврши свештеникот Томе Катала, пријател и духовник на смејството Надал.

За потсетување, Надал има освоено 17 Гренд слем титули, олимписко злато во поединечна конкуренција, рекордни 27 титули од АТП Мастерс 1000 серијата[24][25][26] и рекордни 15 титули од АТП 500 серијата.

Тој исто така бил дел од победничкиот шпански дејвис куп тим во 2004, 2008, 2009 и 2011. Во 2010, тој станал седмиот тенисер во историјата и најмладиот од четворицата во Опен ерата кој ги освоил сите четири Гренд слем турнири.

Тој е вториот тенисер, по Андре Агаси, кој успеал да стигне до златен слем во кариерата. Во 2011, Надал ја добил наградата светски спортист на годината,

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.