КОД дојде до информација дека дел од парите се најдени во сеф, во домот на Бојан Јовановски.
Според спецификацијата која претходно е направена врз банкнотите е утврдено дека тие се парите од првите пола милион евра која ги дала сопругата на на Камчев додека тој се уште бил во притвор, пишува Телма.
Пари има и во телефонот на Боки 13 ка. Тој е авторот на фотографија на која е сликан ликот на специјалната обвинителка со 50 илјади евра кај неа.
А токму во обвинението таа се товари дека наградата која ја земала се педесет илјади евра и софа набавена од Зона мебел вредна околу 5 илјади евра. КОД дознава дека еден од осомничените во сведочењето тврдел дека дел од парите Јанева навистина ги земала, и обвинителството трага и по друга потврда.
Кај Бојан Јовановски при претресите се пронајдени други вредни предмети. Најмногу облека обувки и накити од повеќе познати дизајнери.
Невработен е, а сметките му се блокирани, но Боки 13 носел облека со потпис на 40 тина модни дизајнери меѓу кои Диор, Прада, Версаче, Роберто Кавали, Пјер Карден. Накитот кој е запленет е исто така скап од 10 тина брендови. Обвинителството запленило и 13 уметнички слики од кои 4 на Лазар Личеноски, 3 на Мартиноски, и по една од Вангел Ковошач, Димитар Пандилов Аврамовски, Камилов, Ванчо Јаков, Мерсад Бербер и една чиј автор е непознат. Луксузните ресорти во кои одел со парите од Рекетот се Еспланаде во Загреб и хотелот данаи бич ресорт во Грција.
Обвинителството го затвори случајот Рекет со само тројца обвинети. И покрај најавите дека се истражува и вмешаност на судии и политичари за сега епилог во овој дел нема. За тоа дали ваквото обвинение ќе биде прифатено од кривичниот суд, ќе се одлучува неделава. Втората истрага која е поврзана со името на Бојан Јовановски пак се уште е во тек.
Таму меѓу осомничените соработници на Боки 13 во Невладината Меѓународен сојуз осомничена е и единствениот политичар – потпретседателката на собранието Фросина Ременски.
Случајот Рекет ги урна надежите во СЈО, и покрај тоа што Катица Јанева првиот човек на обвинителството давајќи си ја својата оставка ги убедувала соработниците, дека се што ќе слушнат во иднина за неа е лага.
Емисијата Код е вечерва во 19:15, веднаш по вестите на Телма. (недела, 20.10.2019)
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.