Изминатите 24 часа пронајдени три мртви тела на три различни локации

Објавил: Мирко Бачиќ | 31 јули, 2018 10:33

Три мртви тела пронајдени во три одделни случаи низ Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Полицијата во текот на вчерашниот ден со три пријави за пронајдени мртви тела во три одделни случаи.

Едниот случај е регистриран во Неготино каде жена пријавила дека го пронашла нејзиниот сопруг [ 57 ] починат покрај отворен трансформатор во деловен круг во селото Тремник.

Во друг случај во Битола – син пријавил дека во селото Олевени во фаза на распаѓање бил пронајден неговиот 66-годишен татко.

Во Кавадарци лекар пријавил оти на Тиквешното Езеро кај местото викано Голеш – од страна на семејството била пронајдена почината Н.Ш. [ 72 ].

Во сите три случаи телата се предадени на обдукција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.