четврток, 2 мај 2024

MK/ EN/ DE



Поканет во емисијата „Опиниот“ на Тв Клан, Груби рече дека на Заев Али Ахмети не му дозволи да си даде оставка, тврдејќи дека не отворањето преговори со Македонија не е неуспех на владата, туку грешка на Европската унија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 октомври, 2019 13:15

Груби: Заев беше спремен да даде оставка, но ние не дозволивме

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Артан Груби, пратеникот на ДУИ, Артан Груби потврди дека македонскиот премиер Зоран Заев бил решен да си даде оставка, по враќањето од Брисел, откако Македонија по трет пат годинава не доби датум за преговори.

Артан Груби е роден во Скопје на 7 Јуни 1977 година. Основното и средното образование го заврши во Скопје со одличен успех. Високото образование го заврши при Правниот Факултет “Јустиниjан Први” со што се стекна со звањето Дипломиран Новинар.
Артан ги заврши последипломските студии на Правниот Факултет – Новинарство, при Универзитетот Кирил и Методиј и се стекна со звање Магистер по Медиуми и Комуникации по успешната одбрана на магистерската теза со наслов “Улогата на новите медиуми во транзициони општества”

Поканет во емисијата „Опиниот“ на Тв Клан, Груби рече дека на Заев Али Ахмети не му дозволи да си даде оставка, тврдејќи дека не отворањето преговори со Македонија не е неуспех на владата, туку грешка на Европската унија.

И затоа беше одлучено да се одржат предвремени избори на 12 април 2020 година, откако земјата ќе стана членка на НАТО. – Тој беше подготвен да си даде оставка поради големото разочарување. Затоа што добил огромни ветувања. Меркел ја посети Македонија. Познатиот албански новинар го прашува Груби, значи Заев беше спремен да си замине, на што пратеникот во македонското Собрание вели, да подготвен беше.

Новинарот Бленди Февзиу повторно го прашува Груби, тогаш зошто се предомислил од давањето оставка. – Ние не се согласивме и г-дин Ахмети му рече дека немаме причина да признаеме вина која ја немаме, затоа што вината е на Европската унија која не успеа во своите ветувања, ние ги исполнивме сите услови.

И, решивме заеднички да излеземе на избори само откако ќе влеземе во НАТО. Имавме многу болни реформи за да добиеме НЕ за толку мало прашање за отворање преговори што би и овозможило на Европската унија да нè контролира дури и повеќе отколку што им можност сега. Албанците се одлучувачки елемент на владеењето со Северна Македонија, истакна Артан Груби меѓу другото.

Извор Курир.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.