Премиерот денеска најави состанок со директорот на Државниот завод за статистика за понеделник или вторник, на кој, како што истакна, ќе бидат утврдени павилата и ќе биде донесена одлуката за попишувањето.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 октомври, 2019 17:16

Заев: Нема попис напролет, ќе се спроведе најдоцна во 2020 или 2021 година

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев денеска одговорајќи на новинарски прашања во СГГУ „Здравко Цветковски“ изјави дека поради предвремените избори кои се закажани за 12 април наредната година, се губи шансата за попис напролет, но најдоцна во 2020 или 2021 година тој ќе биде спроведен.

Заев најави состанок со директорот на Државниот завод за статистика за понеделник или вторник, на кој, како што истакна, ќе бидат утврдени павилата и ќе биде донесена одлуката за попишувањето.

Премиерот денеска најави состанок со директорот на Државниот завод за статистика за понеделник или вторник, на кој, како што истакна, ќе бидат утврдени павилата и ќе биде донесена одлуката за попишувањето.

Пописот треба да се спроведе и јас врувам дека може да се спроведе, 2020-та или 2021 година најдоцна треба да го спроведеме. Пред изборите е кампањата, тогаш не може, за време на изборите не може, а по изборите треба да се составува влада па да се конституира парламент и тука исто така се губи можноста, изјави премиерот.

Во врска со ставот дека пописот може да се спроведе во исто време со предвремените избори, рече дека тоа го кажал зашто идејата беше да има избори кон крајот на октомври, па оттука, попис да има напролет.

Инаку лидерот на ДУИ, Али Ахмети по лидерската средба истакна дека прво е потребно фер и демократски да завршат веќе закажаните избори па потоа да се спроведе пописот.

„Заеднички е одлучено предвремените парламентарни избори да се одржат на 12 април наредната година. Битно е изборите да бидат фер и демократски. Значајно е да се почитува датумот за изборите и потоа да се види кога ќе биде можно да се спроведе и попис”, изјави Ахмети.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.