Па доколку некој се обиде да ве измами, веднаш блокирајте го на Вибер, а принтскрин може да испратите и на “Вибер“ за да дознаат за спамот и да предупредат за некој друг да не може да биде измамен.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 ноември, 2019 18:31

Бидете внимателни кружи нова измама на ВИБЕР- ако ви стигне ваква порака пријавете веднаш

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Речиси секој од нас користи Вибер апликација која овозможува полесен контакт, но бидете внимателни бидејќи кружи нова измама на најкористената апликација.

Апликацијата Вибер има свои причини поради кои не може да се користат два ПРОФИЛИ НА ЕДЕН МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН.

Па доколку некој се обиде да ве измами, веднаш блокирајте го на Вибер, а принтскрин може да испратите и на “Вибер“ за да дознаат за спамот и да предупредат за некој друг да не може да биде измамен.

Деновиве ширум светот преку Вибер пристигнува необична порака.

Според она што го пријавиле неколку корисници станува збор за измама и велат дека добиле порака од сомнително потекло од бројот +79183301602 во која се наведува дека токму вие сте среќен добитник во рамките на “интернационалниот вибер награден фонд“.

Како што пријавиле, во пораката која кружи на Вибер стои дека станува збор за награда од 500.000 американски долари, а за да ги добиете парите потребно е да испратите барање преку меил, а со тоа ќе добиете дополнителни информации, што директно наведува дека на некој ќе му ги оставите вашите лични податоци и меил адреса, а со самото тоа му овозможувате да може да ги злоупотреби.

Секако ваквиот пристап бил сомнителен за корисниците кои веднаш пријавиле дека станува збор за измама која воглавно има цел да краде лични податоци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Технологија

Овие автомобили и понатака се препознатливи за светската јавност, меѓутоа тие ја добија титулата за најгрди автомобили на сите времиња.

ТОП 10 – Најгрди автомобили на сите времиња

Со текот на сите овие години, патиштата забележаа дека некои автомобили што само дизајнерите...

Секоја зима, многу домаќинства од различни причини своите домови ги загреваат со печки на дрва, чиј чад претставува една од главните причини за зголемената загаденост на воздухот.

АПЛИЦИРАЈТЕ ОНЛАJН ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ

АПЛИЦИРАЈТЕ ОНЛАJН ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ Секоја зима, многу...