Вчера повторно имаше голема поплава која зафати околу 70 отсто од Венеција, која е под заштита на УНЕСКО. Нивото на водата се искачи на 150 сантиметри над морето.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 ноември, 2019 11:39

По три поплави во една седмица, конечно се стабилизира ситуацијата во Венеција

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Конечно добри вести од Венеција која поради плимата беше поплавена трипати во една седмица.

Ситуацијата е нормализирана а според метеоролозите нивото на водата се спушта. Денеска повторно се отворени училиштата, соопштија градските власти.

Поплави во Венеција

Вчера повторно имаше голема поплава која зафати околу 70 отсто од Венеција, која е под заштита на УНЕСКО. Нивото на водата се искачи на 150 сантиметри над морето.

Плоштадот Свети Марко, најниската точка во градот, и натаму е поплавен и затворен за туристи, а стотици волонтери им помагаат на граѓаните да се соочат со оваа опасна и вонредна ситуација.

Интересно е тоа што новинарите пренесуваат дека токму во моментот во Венеција има голем број туристи кои со гумени високи чизми шетаат низ градот зи одат по поплавените области на градот.

Со четири плими над 140 сантиметри од понеделникот, изминатата недела беше најлоша од почетокот на мерењето на плимата во Венеција од 1872 година.

Страотните поплави однесоа и две жртви . Еден постар маж од 70 години загина од струен удар во својата куќа кога се обидел да ја уклучи пумпата за вода,  додека Дејли меил пренесува дека уште една жртва настрадала од поплавите.

Цената ќе биде висока, ова е резултат на климатските промени, напиша градоначалникот.

Луиџи Бруњаро, градоначалникот на Венеција на својот Твитер профил напиша “ Венеција е на колена. Тој минатата недела додаде дека ќе бара помош од Владата.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.