Информациите за незаконските бонуси и арбитрерно делење пари од астрономскиот буџет и корумпирањето на носители на државни функции е само ПОСЛЕДНАТА КАПКА ШТО ЈА ПРЕПОЛНИ ЧАШАТА!

Објавил: admin@magazin | 1 декември, 2019 13:28

ВАНКОВСКА ДО СЈО: ВРАТЕТЕ ГИ ПАРИТЕ, СЕ ЧУСТВУВАМ ГНЕВНА И ПОНИЖЕНА ПОРАДИ СИРОМАШНИТЕ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Информациите за незаконските бонуси и арбитрерно делење пари од астрономскиот буџет и корумпирањето на носители на државни функции е само ПОСЛЕДНАТА КАПКА ШТО ЈА ПРЕПОЛНИ ЧАШАТА, пишува на социјалните мрежи професорката Биљана Ванковска.

За нас кои од ПРВИОТ МОМЕНТ ја видовме преварата во ликот на Катица и нејзините поубави половини/третини, кои знаевме дека институцијата е ПРОТИВУСТАВНА, дека прес-конференциите ги користи за маркетиншки цели, дека има повеќе драма и глума одошто правничко знаење и умеење, дека има несоодветни врски со политичари, новинари и активисти, кои знаевме дека лажира за да земе пари за стан во Скопје, кои го видовме непотизмот и клиентелизмот во СЈО, пишува Ванковска.
Информациите за незако ските бонуси и арбитрерно делење пари од астрономскиот буџет и корумпирањето на носители на државни функции е само ПОСЛЕДНАТА КАПКА ШТО ЈА ПРЕПОЛНИ ЧАШАТА!
Попусто спинува Горан Михајловски. Само во нивниот шарен наратив Катица и компанија можеа да бидат херои и avengers!

Секој разумен човек одамна проѕре дека станува збор за карикатура и травестија на правдата. Која сега гледаме колку сме ја плаќале од сопствената сиромаштија! Јас се чувствувам ГНЕВНА и ПОНИЖЕНА поради сиромашните, бидејќи ова беше “правда на богатите”, кои на крај си се помирија на масата на заедничкото делење профити.

ВРАТЕТЕ ГИ ПАРИТЕ!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...