Пред неколку денови жена со српско потекло сакала да го премине мостот во Косовска Митровица, носејќи на грбот српско знаме, но била запрена од косовската полиција.
На социјалните мрежи се појави срамно видео од малтретирањето од страна на косовската полиција.
Оваа жена носела српско знаме на грбот, меѓутоа на мостот ја запрела патролата на косовската полиција и како што пренесува Косово прес, после кратко сослушување жената била приведена.
Медиумите пренесоа дека жената била на пат кон гробот на своите родители, а пред тоа доживеала малтретирање и била соочена со повеќе полициски припадници на косовската полиција која не и дозволиле да го премине мостот.
Жената изјавила дека не гледа зошто некого би провоцирала со знамето на Србија, кога албанското знаме кој е окитен јужниот дел од градот не провоцира никого, пренесе косово онјалн.
Косовска Митровица е град во северниот дел на Косово 42,89 ° северно, 20,87 ° источно, на 496 метри надморска височина (на вливот на Ситница во Ибар).
Со поделбата на градот, српскиот дел остана без адекватни услови за работа – културен центар, градска библиотека, аматерски театар, галерија – сето тоа остана преку Ибар. Мораше да се почне од почеток. За работа се користеа просториите на некогашниот Техничко-металуршки факултет.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.