Иако немаше никаква реакција од редовите на власта по оваа изјава, на социјалните мрежи врие по оваа индиректна закана.

Објавил: Весна Петровска | 9 декември, 2019 12:53

Михајловски: Џабе плашиш Османи, ние Македонците сме вратени пред 1945

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Македонскиот актер Тони Михајловски не можеше да се воздржи да не го искоментрира Бујар Османи за Венецијанската Комисија.

– Секое отворање на Законот за јазици, со кој се затвориле прашањата од Рамковниот договор, ќе нè врати пред 2001 година, порача вицепремиерот Бујар Османи, откако премиерот во заминување Зоран Заев рече дека ќе ги почитува препораките од Венецијанската комисија.

Иако немаше никаква реакција од редовите на власта по оваа изјава, на социјалните мрежи врие по оваа индиректна закана.

Тони Михајловски на Османи му порача: Џабе плашиш.

Тоа, на некој апсурден начин, би било и поместување напред Бујар Османи, затоа што ние Македонците сме вратени пред 1945. Џабе плашиш, напиша Михајловски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.