Душко Јанковиќ истакна дека Јовановски кроел план против Мандиќ-Ерцеговиќ

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 декември, 2019 18:10

Адвокатот на Јасна Мандиќ изјави дека таа била донесена во заблуда од страна на Боки 13

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото сител

Адвокатот на Јасна Мандиќ-Ерцеговиќ потпретседателката на Меѓународниот сојуз на Боки 13, денеска за медиумите истакна дека всушност таа била донесена во заблуда од страна на Боки 13. 

Според истрагата која се води, таа е осомничена за помагање при извршување на кривичното дело „перење пари”. Во случајот Меѓународен сојуз осомничени се уште Бојан Јовановски, Неговиот татко Миле, Христина Блажевска и Потпретседателката на собранието Фросина Ременски.

Душко Јанковиќ истакна дека Јовановски кроел план против Мандиќ-Ерцеговиќ кој таа не го знаела и откривадека по денешниот распит, Јасна добила решение за завршена истрага од страна на обвинителката Вилма Русковска.

– Неспорно е дека е донесена во заблуда. Правнички речено, во стварна заблуда. Не само таа, туку и други биле донесени во заблуда. Кога не знаете дека некој позади вас има друг план и крои нешто друго, односно еве да речеме измама во овој предмет, тоа е стварна заблуда. Специјално ви кажувам за Јасна дека така е – рече Јанковиќ.

Адвокатот на Јасна Мандиќ-Ерцеговиќ која како што вели била доведена од заблуда од страна на Боки13, денеска откри и дека таа потпишувала документи, но таму стоеле потписи на повеќе членови во Меѓународниот сојуз.

– Нејзиниот потпис го има во договорот со ‘Дрим билдинг’ и мислам дека и со ‘Пелистер’ бидејќи е координатор на проектот и дел од Меѓународен сојуз. Таму има повеќе имиња и презимиња кои се сведоци во постапката. Тоа е еден колегиум од пет особи од Меѓународниот сојуз кои потпишуваат – кажа Јанковиќ.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.