Децата се на возраст меѓу 12 и 13 години и се здобиле со тешки повреди, тие се пренесени во Клиниката за детска хирургија со скршеници, а третотот кое имало полесни повреди е задржано на опсервација.

Објавил: Весна Петровска | 19 декември, 2019 20:31

ТАКСИСТ ПРЕГАЗИ ТРИ ДЕЦА: Очевидците шокирани – ова не е прв пат!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Три девојчиња на возраст меѓу 12 и 13 години беа денеска сериозно повредени откако во нив удрило такси возило. Настанот се случи во општина Чаир околу 11 часот. Две девојчиња со скршени коски се лекуваат на Клиниката за детска хирургија, а третото кое имало полесни повреди е задржано на опсервација.

Страшната сообраќајна несреќа која се случи попладнево на улица Христијан Тодоровски – Карпош во населбата Чаир повреди три девојчиња.

Децата се на возраст меѓу 12 и 13 години и се здобиле со тешки повреди, тие се пренесени во Клиниката за детска хирургија со скршеници, а третотот кое имало полесни повреди е задржано на опсервација.

„Една од повредените има површни повреди и е задржана само на опсервација, додека другите две имаат скршеници на екстремитетите и наредните денови ќе биде потребна хируршка интервенција. Нивната состојба во моментот е стабилна и ги следи лекарски тим.“

Од МВР велат дека во моментов немаат конкретни информации како се случила несреќата. Таксистот е приведен. Очевидците пак, се шокирани од настанот.

Трите девојчиња лежеа на пешачки. Две беа во тешка состојба, едната стана и седна на тротоар. Едната ни очите не ги отвораше.

Според жителите, сообраќајните незгоди тука се чести. Тие постојано ги повикуваат властите да преземат мерки против брзото возење, но никој не реагирал. Тие велат дека ќе преземат мерки и ќе ја блокираат улицата.

„Многу вакви случаи има во оваа населба, еднаш бремена жена беше прегазена, сега три деца. Што треба да се случи за да се блокира. Секој пат се пријавува во полиција. Велат – ќе бидат преземени мерки, но се чини дека не се преземаат доволно мерки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова...