Како што потврдуваат од СВР Скопје за „Република“, околу 18:10 часот било пријавено дека возило прегазило жена. Повеќе детали најавуваат за наскоро. Според очевидци, станува збор за автомобил од марката „тојота версо“.

Објавил: Весна Петровска | 22 декември, 2019 19:01

ЦРНА НЕДЕЛА: Згасна детски живот на патиштата, а вечерва прегазена жена кај „Еквилибриум“ во Аеродром

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Несреќа се случи предмалку во скопската населба Аеродром. Пешак беше прегазен предмалку на улицата „Методија Шаторов-Шарло“, кај ресторанот „Еквилибриум“ во Аеродром.

Како што потврдуваат од СВР Скопје за „Република“, околу 18:10 часот било пријавено дека возило прегазило жена. Повеќе детали најавуваат за наскоро. Според очевидци, станува збор за автомобил од марката „тојота версо“.

Екипи на полицијата и Брзата помош веднаш излегле на терен. Повредената жена веднаш беше пренесена во болница, а сè уште не се знае степенот на повредите.

(ФОТО РЕПУБЛИКА) Страшна несреќа кај скопската населба Аеродром, жена итно пренесена во болница со тешки повреди.

И попладнево  македонските патишта имаше несреќа, за жал во таа згасна детски живот. 

Дете загина во соораќајна несреќа што се случи попладнево околу 14:15 часот на локалниот пат Куманово-Романовце, потврдија од општа болница Куманово.

Детето беше донесено без знаци на живот, лекарите се обидоа да го реанимираат, но безуспешно, велат од кумановската болница.

Во сообраќајната несреќа била повредена уште една патничка со полесни повреди, информираат од болницата.

Од МВР потврдија дека се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила, а детали најавија откако ќе заврши увидот.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.