На една од фотографиите може да се види посветлиот дел на кожата на едната рака, многумина забележаа голема сличност со човечките прсти.

Објавил: admin@magazin | 23 септември, 2022 5:18

Горила во зоолошка во Атланта има прсти како човек(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Горилата Анака од зоолошката градина во Атланта има прсти кои наликуваат на човек.

На една од објавените фотографии може да се види посветлиот дел на кожата на едната рака, а многумина забележаа сличност со човечките прсти.

Вработените во зоолошката градина во таа прилика снимиле неколку нејзини фотографии за да го овековечат моментот.

Горилата спаѓа во редот примати во фамилијата човеколики мајмуни. Постојат три подвида горили: западен горила, рамничарски горила (со околу 45 000 единки) и планински горила (само 650 единки). Горилите живеат во тропските шуми во централна Африка и во тамошните планини на надморска височина до четири илјади метри. Тоа е најголемиот мајмун. Мажјакот е висок до 2,30 метри и тежок до 300 килограми; женките се помали.

Во својата природна средина горилите живеат околу 35 години. Горилата нема точно определено време за спарување. По периодот на носење што трае околу 9 месеци, женката раѓа едно младенче кое останува закечено за нејзиниот стомак следните два и пол месеци. Доењето трае една година, но уште три години женката се грижи за своето младенче, а дури потоа повторно се спарува.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.