Трагедија на Бадник, пронајден мртов маж во семејна куќа во Куманово.
За трагедијата информираат и до министерството за вантрешни работи.
Седумдесет и осумгодишен маж бил пронајден починат во опожарена куќа во Куманово.
Од МВР информираат дека пожарот во куќата на мажот (Б.Ј.) бил пријавен утрово околу 4 часот.
„Полициски службеници излегле на местото и Б.Ј. бил пронајден починат“, велат од МВР.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.
Апел до сите граѓани да внимаваат на грејните тела со кои ги затоплуваат домовите, голем број на домови изгореа од несоодветно греење, за жал понекогаш доаѓа и до вакви трагедии.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.