Иран има ракети со дострел таман до Скопје.Америте не успеаја да ги пресретнат. Им паднаа у тавчињата со грав во авиобазите. Како бе Дане ние ќе ги пресретнеме? Со што бе Дане? Ќе ги испрскаме со пестициди против комарци, да зарѓаат во лет? Со што ќе ги пречекаме бе Дане? Традиционално со слатко од смокви?
Дане една таква интерконтинентална ракета да рсне во Центар, трајно ќе го реши проблемот со паркирањето.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 јануари, 2020 19:13

Сашо Тасевски распали на Фејсбук: Иран има ракети со дострел таман до Скопје

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатиот македонскиактер Сашо Тасевски на Фејсбук ги искоментира заканите на кандидатот за амбасадор во  Дане Талески кон Иран.

Имено Сашо се обраќа до Талески потсетувајќи го дека Иран поседува ракети со дострел до Скопје. Тасевски вели една таква би можела да го реши трајно проблемот со паркирање во Центарот на градот.

Дане амбасадорО, конзулО, шо и да е, им се закани на Иран: Нападот на нашиот сојузник САД е напад на сите нас како НАТОвци.
И така сабајлево ајатолахот му рекол на претседателот на Иран: Брате, ај Америве што ќе нападнат не ми е толку фуфка, ама она Севернине Македонци ме плашат. Бестрашен народ. Не им гледаш лице ко се борат, пошто се така назадгазум напаѓаат.
Море Дане, не знам дали знаеш, Иран има ракети со дострел таман до Скопје. Америте не успеаја да ги пресретнат. Им паднаа у тавчињата со грав во авиобазите. Како бе Дане ние ќе ги пресретнеме? Со што бе Дане? Ќе ги испрскаме со пестициди против комарци, да зарѓаат во лет? Со што ќе ги пречекаме бе Дане? Традиционално со слатко од смокви?
Дане една таква интерконтинентална ракета да рсне во Центар, трајно ќе го реши проблемот со паркирањето. Порамен од Овче Поле ќе стане
Како бе Дане, ние на Иран да му се курчиме? Не иде бе брат. Ем сите веќе не знаат како големи цицачи, не морски како китот, ниту како останатите сувоземни, туку онакви… Ем немаме со што. Не можеш Моника Белучи да ја торпедираш со чкорче.
Ние во Нато???? Нам појше ни личи на врапчиња ЈАТО

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...