Ова е првпат Хрватска да го презема претседавањето со Советот.

Објавил: Македонка Димкин | 11 јануари, 2020 12:03

Хрватска ќе претседава со ЕУ во клучните моменти за Балканот!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен која е во дводневна посета на Загреб, оптимистички и преку комплименти порача дека земјата како успешна приказна на процесот на евроинтеграциите, во наредните месеци ќе биде таа која ќе претседава со Советот на ЕУ во клучните месеци за Западниот Балкан.

„Ова е првпат Хрватска да го презема претседавањето со Советот. Тоа е важно за Европската комисија, бидејќи ќе претседава и во текот на нашите први сто дена како нов состав… Идните месеци особено се важни за нашите односи со Балканот. Таа тема ја претставивте како приоритет, знаеме дека можеме да сметаме на Хрватска и дека Хрватска е голем заговарач на оваа тема“,

рече Фон дер Лајен на прес конференцијата со хрватскиот претседател Андреј Пленковиќ.

Пленковиќ  најави дека на самитот во Загреб на почетокот на мај сакаат да знесат нова динамика и по можност, како што рече, да се разреѓи и деблокира ситуацијата во однос на отворањето на преговорите со Македонија и Албанија.

На ова, претседателката на ЕК потенцира дека Македонија и Албанија ги исполниле бараните критериуми и дека сега е ред на ЕУ да ги исполни ветувањата.   

Очекува во рамки на Унијата да продолжи дебатата за методологијата за пристапување на која инсистира Франција, но нејзините надеже се дека паралелно со овој процес ќе тече и процесот на преговори со нашата земја и Албанија.

„Сложеноста на новата методологија ќе ја претставиме кога ќе ја претставиме. Мислам дека може да работиме на темите што беа покренати во Европскиот совет. Но мора да најдеме начин да продолжи паралелниот процес за  Македонија и Албанија, а тоа е дека вратата е отворена и дека тие може да ги започнат преговорите за членство. Значи, ова е паралелен процес за обнова на методологијата и продолжување на процесот со овие две земји. Ние од нив баравме многу за да ги исполнат критериумите, тие го сторија тоа и ние сега не треба да ги менуваме условите и правила за нив. Во таа насока јас го очекувам новиот предлог и се надевам дека ќе бидеме успешни рече Фон дер Лајен.“,

Европската комисија работи на план чија крајна цел е почеток на преговори за членство со Македонија и со Албанија во март годинава.  Како треба да изгледа временската рамка за идните чекори, повече прочитајте ТУКА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.