За време на викендот, Обединетите Арапски Емирати беа погодени од поројни дождови што поплавија многу улици и предизвикаа застој на сообраќајот.

Објавил: admin@magazin | 12 јануари, 2020 18:13

ДУБАИ: Молња ја погоди највисоката зграда во светот (ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска молња ја погоди највисоката зграда во светот – Бурџ Калифа во Дубаи, јавија агенциите.

Обединетите Арапски Емирати овој викенд беа погодени од поројни дождови што поплавија многу улици и предизвикаа застој на сообраќајот.

Поради големото невреме, меѓународниот аеродром во Дубаи, еден од најпрометните аеродроми во светот, ги откажа редовните летови, а авионите беа принудени да слетаат на блискиот аеродром Ал Мактум.

 Бурџ Калифа е највисоката зграда во светот со 829,8 метри. Изгледот на Бурџ Дубаи потекнува од исламската архитектура. Архитектот Адријан Смит истакнал дека триделниот изглед на градбата бил инспириран од цвеќето Хименокалис.

Кулата е составена од три елементи, вградени околу централното јадро. Како што кулата се извишува од основата, страничните косини се појавуваат во облик на спирала, со што се намалува прекршувањето на кулата до небото. Бурџ Халифа има 27 тераси.

На врвот, централното јадро изникнува во форма на шилец, Планот, според кој катовите се со облик на латиничната буква „Y“ е со цел да се зголеми колку што е можно повеќе аголот на погледот кон Персискиот залив. Без оглед на тоа дали кулата се гледа од птичја или од жабја перспектива, може да се забележи дека нејзината форма претставува кромидеста купола во исламската архитектура.

За време на планирањето на изгледот на кулата, инжинерите ја ротирале градбата за 120 степени од оригиналниот нацрт, со цел да се зголеми отпорноста против силните ветрови. На врвот од градбата, кулата се нушани за вкупно 1,5 m.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.