Но дали знаете всушност зошто православните христијани ја прославуваат Стара Нова Година?

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 јануари, 2020 9:36

Денеска православните христијани ја дочекуваат Стара нова година

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По Божик, православните христијани на 14 јануари, го одбележуваат денот на свети Василиј Велики во народот познат и како Василица односно Стара нова година.

Но дали знаете всушност зошто православните христијани ја прославуваат Стара Нова Година?

Свети Василиј Велики (грчки:Βασίλειος ὁ Μέγας) е христијански светец, теолог и епископ од Кападокија, Мала Азија Во црквата се смета како голем поборник за православната вера, пристаниште на моралната чистота и столб на Црквата. Се смета за основач на монашката традиција во источното православие. Како светец бил прогласен по неговата смрт. Православната црква го слави на 1 јануари, односно на 13 јануари, а католичката црква на 2 јануари.

Тоа е така бидејќи постојат два календари – Јулијанскиот и Грегоријанскиот. Источната Православна Црква се уште го користи јулијанскиот календар, според кој Новата година започнува на 14-ти јануари. Новата година на 1-ви Јануари се слави според Грегоријанскиот календар, кој е инаку и најприфатен во светот. 

Според обичаите на овој ден се прави домашна погача во која домаќинките ставаат паричка, пеењето на василичарските песни во кој треба да биде опфатен тропарот на свети Василиј Велики, а некаде се практикува и палењето на огнот кои треба да ја симболизира светлината Божја во новата година.

Василица е голем празник а многу македонски семејства денеска имаат куќна слава, а именден празнуваат Васил, Васко, Васе, Васка…

По Јулијанскиот календар кој е најприфатен во светот се водат и Руската и Српската црква, Ерусалимската патријаршија и монасите на Света Гора. Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква се водат по Грегоријанскиот календар се водат 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.