Пред неколку дена судењето беше одложено поради отсуство на адвокатите на поранешната шефица на СЈО Катица Јанева. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 јануари, 2020 9:54

Продолжува судењето за „Рекет“, ќе сведочи Лиле Стефанова- ќе дојдат ли адвокатите на Јанева денес?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска во Основниот кривичен суд во Скопје ќе продолжи судењето за случајот „Рекет“ кој се наоѓа во доказна постапка, а го води судијката Васка Николовска-Масевска . 

Пред неколку дена судењето беше одложено поради отсуство на адвокатите на поранешната шефица на СЈО Катица Јанева. 

Адвокатите Дељо Кадиев и Ирена Фрчковска беа отсутни поради здравствени причини, но се уште не се знае дали денеска ќе се појават во судот.

Бојан Јовановски кој е првоосомничен во случајот Рекет, пред извесно време ја раскажал целата вистина во обвинителството.

На денешното рочиште треба да сведочи поранешната специјална јавна обвинителка Лиле Стефанова, која ја води истрагата за случајот „Империја“.

Досега како сведоци исказ дадоа заменичката на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, Елизабета Јосифовска, бизнисменот Орце Камчев, неговата сопруга Ана Камчева, сметководителката во приватните фирми на Камчеви, новинарот Христијан Баневски од телевизија 1ТВ,Зоранчо Митровски, Томе Главчев и Влатко Бошков .

Зоран Милевски- Кичеец призна вина уште на првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти декември минатата година, и беше осуден на три години затвор, а првообвинетиот Јовановски кој се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ вели дека не е виновен,  а истото го тврди и Јанева која се товари дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.