Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихеторовата скала ја погоди источна Турицја, додека епицентарот бил во Елазиг.
Според турските медиуми досега бројот на повредени луѓе се искачи на 300.
Во земјотресот кој вечерва ја погоди Турција, лоши вести доаѓаат од градот Елазиг, каде досега се регистрирани 14 жртви.
Моментално медиумските екипи се на терен, секој канал во Турција емитува отворено вонредно студио.
На последната прес конференција на Управата за управување со катастрофи и вонредни состојби беше изјавено дека бројката на загинати во земјотресот се искачи на 14 лица.
Длабочината e измерена на 10 километри од страна на ЕМСЦ, а бил доволно силен за луѓето да истрчаат надвор за да се засолнат, пренесуваат локалните медиуми.
Како што јавија турските медиуми најмалку четири или пет згради се урнале во Сивриџе.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.